Поврзете се со нас

Франција

Нејмар имал специјално барање пред да потпише нов договор со ПСЖ

Објавено

на

Нејмар Жуниор стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина со потписот на новиот договор со Пари Сен Жермен, договор кој е со важност до 2025 година.

Сега напаѓачот ќе може максимално да се фокусира на сите предизвици со клубот ослободен од сите гласини, шпекулации. Меѓутоа пред да ја продолжи соработката, Нејмар побарал од ПСЖ да му биде исполнет еден услов-да му биде дозволено да игра за Бразил на престојните Олимписки Игри во Токио.

Оваа информација ја пренесе УОЛ Бразил и ако истата е точна тогаш ѕвездата ќе има пеколно лето со оглед на тоа што прво е Копа Америка, а потоа на програмата фудбалскиот турнир на ОИ.

Тој се игра од 21 јули до 8 август, период во кој „светците“ ќе ги имаат претсезонските подготовки и првите мечеви од кампањата што значи дека Нејмар одреден период нема да му биде биде достапен на клубот со оглед на тоа што сигурно ќе му биде потребен одмор по сите тие задачи.

Во 2016 година, Неј како член на Барса играше на ОИ, ама не и на Копа Америка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни