Поврзете се со нас

Шпанија

Нејмар и Барселона си подадоа рака и конечно ставија крај на „војната“

Објавено

на

Барселона и Нејмар имаа судски парници во изминатите неколку години поради тоа што секоја од страните сметаше дека е оштетана на свој начин, но ова попладне, каталонскиот гигант сподели соопштение во јавноста со кое откри дека цел овој случај завршил на мирен начин.

Иако шпанските судски власти разгледуваа три престапки и три жалби од двете страни, на крајот овој случај бил решен на вонсудски и пријателски начин, со што само се потврдува дека Барселона и Нејмар ставија крај на „војната“ и потпишаа примирје.

– Барселона ја извстува јавноста дека нашите различни гледишта и граѓанските спорови кои беа отворени со бразилскиот играч Нејмар, сега се решени надвор од судот на пријателси начин.

– Потпишан е договор меѓу клубот и играчот за завршување на правните случаи што беа во тек меѓу двете страни, а тоа беа три претстапки за граѓански спорови.

– Нејмар беше играч на Барселона од 2013-та до 2017-та година, а потоа потпиша за ПСЖ, клуб за кој настапува и денеска, – гласи соопштението на Барселона.

Со овој договор, Барселона му прости на Нејмар 17 милиони евра, додека Бразилецот се откажа од ветените бонуси кои не ги добил, а кои достигнуваат вредност од 47 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни