Поврзете се со нас

Свет

Нејмар го живее сонот: Пристигна на првиот тренинг на Сантош со хеликоптер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SantosFC

Нејмар го живее својот сон во буквална смисла на зборот, бидејќи после незаборавното враќање во матичниот клуб и брилијантниот пречек кој му беше прирден, големата бразилска ѕвезда сега се најде во прв план и на првиот тренинг.

Популарниот Неј вчера го одработи првиот работен ден во тренинг комплексот на Сантош, а со самото појавување направи експресно да се најде во центарот на вниманието.

Како фудбалер кој имаше безброј погодности во ПСЖ, Нејмар се научи во кариерата да има најлесен пристап до работи кои за многумина изгледаат невозможно, па очигледно и во Сантош продолжува со кралски третман.

Нејмар вчера на првиот тренинг во Сантош пристигнал со хеликоптер кој слетал директно на тренинг центарот, или поточно на теренот на кој подоцна го одработил првиот тренинг со своите соиграчи.

Епизодата е снимена од фан кој живее во околната зградата, а видеото експресно стана вирален хит.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни