Нејмар го исфрли Амиен од четвртфиналето на купот, но цела Франција зборува за неговата необична прослава (Видео)

nejmar-slavje

ПСЖ успеа да пронајде начин да го победи Амиен и покрај исклучително грубата игра на домаќините, а олеснување за фаворитот беше и тоа што голманот Гуртнер заработи црвен картон по хорор стартот над Мбапе во 34-та минута.

Актуелниот лидер во Лига 1 прашањето околу победникот го реши во вториот дел, воглавно благодарение на Нејмар кој најпрво се избори за пенал, а потоа го скрши мразот и му донесе водство од 0:1 на својот тим. Сепак, во прв план во целата оваа ситуација се најде неговата необична прослава на голот, односно начинот на кој ја искористи својата копачка за да одбележи уште еден гол зад своето име.

По ваквото шоу на Бразилецот, ПСЖ играше многу полесно, а конечните 0:2 ги постави Рабио за сигурен пласман на гостите во полуфиналето на купот.

Facebook Коментари