Поврзете се со нас

Франција

Нејмар ги разреши сите дилеми околу неговата иднина: Се е скоро средено…

Објавено

на

Бразилскиот репрезентативец Нејмар ги разреши сите дилеми околу неговата иднина во Пари Сен Жермен.

Долго време напаѓачот го поврзуваа со клубови од Шпанија, Англија, се говореше за негово наводно незадоволство во таборот на „светците“, меѓутоа тој е на добар пат да потпише нов договор според кој ќе ја продолжи соработката која во моментов е со важност до 30 јуни 2022 година.

-Разговараме со ПСЖ. Нема ништо што не притиска. Се е скоро средено. Се чувствувам пријатно. Се чувствувам навистина многу среќен овде во ПСЖ.

-Што се однесува до навивачите, тоа е она што едвај го чекам, да се вратат на стадионот. Се надевам дека ги поддржуваат сите играчи, дека ќе бидат тука за да нè охрабрат, -вели Бразилецот.

ПСЖ утре го очекува првиот полуфинален дуел против Манчестер Сити во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни