Поврзете се со нас

Франција

Нејмар ги разреши сите дилеми и го посочи тимот во кој се гледа нареднава сезона

Објавено

на

Бразилската ѕвезда, Нејмар ги разреши сите дилеми со последната јасна порака која ја испрати околу неговата иднина.

Тој од 2017 година е дел од „светците“ од Париз во кои пристигна од Барселона за сума од 222 милиони евра, но целиот овој период имаше доста подеми и падови во клубот од Франција, сакаше и да си замине, но управата на тимот тоа не му го дозволи.

Меѓутоа и покрај сите проблеми во минатото, Нејмар не планира да си оди од ПСЖ особено откако екипата направи чекор напред во Лигата на шампионите, стигна во финалето каде загуби од Баерн Минхен. Ова офанзивецот сака да го поправи и испише нова историја со ПСЖ, па затоа сака да остане во оваа средина.

-Останува во ПСЖ следата сезона. Останувам со амбиција да се вратам во финалето на ЛШ, овој пат да победам. Ми се допаѓа идејата да направам се што можам за го испишам моето име во историјата на клубот, -порача Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни