Поврзете се со нас

Свет

Нејмар е убеден: Тој сигурно ќе биде крунисан со „Златната топка“

Објавено

на

foto: x.com/neymarjr

Членот на Ал Хилал, Нејмар Жуниор даде своја прогноза за тоа кој може да ја освои „Златната топка“ за оваа година.

Ова дефинитивно е најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, па според Нејмар кој се уште е во процес на рехабилитација по тешката повреда, едно име се издвојува и тоа е неговиот сонародник Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.

-Што се однесува до Вини, очигледно мислам дека Златната топка денеска е негова. Му испратив пораки пред и по натпреварот [финалето на Лигата на шампионите]. Тој е момче кое го сакам со страст, голем пријател што ми го даде фудбалот. Тој сигурно ќе се закити со Златната топка.

-Тој е неверојатен. Го носи знамето на нашата земја низ целиот свет и ние навистина навиваме за него, -порача Нејмар за Винисиус кој сезонава имаше голем придонес за Реал за двете големи титули, односно за онаа во Примера со 15 гола и 5 асистенции, а за таа во ЛШ со 6 погодоци и 5 асистенции.

Последниот Бразилец кој ја има освоена „Златната топка“ е Кака во 2007 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни