Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар доби забелешка од свој соиграч за хорор изданието на „Итихад“ (Видео)

Објавено

на

ПСЖ речиси да не излезе од својата половина во првото полувреме на „Итихад“ бидејќи беше под константа опсада од избраниците на Пеп Гвардиола, а таквата слика на теренот се одрази негативно и врз расположението на дел од играчите.

Килијан Мбапе имаше стопроцентна шанса точно пред истекот на првото полувреме, но претходно, Сити пропушти неколку извонредни шанси за да поведе и можеше да постигна најмалку два или три гола.

Во добар дел од првото полувреме, ПСЖ беше принуден да се брани со сите играчи во половината и тешко ја изнесуваше топката, а еден обид на Нејмар сам да направи нешто повеќе, не наиде на одобрување од Паредес.

Аргентинецот му забележа на Бразилецот за солирањето во својата половина, по што Нејмар не остана должен и имаше што да му возврати на својот соиграч.

Ова беше јасен израз за немоќта на ПСЖ во првото полувреме, без оглед на тоа што Манчестер Сити двата гола за пресврт ги постигна во вториот дел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни