Поврзете се со нас

Франција

Нејмар доби црвен картон, обезбедувањето едвај спречи физички инцидент во тунелот (Видео)

Објавено

на

Нејмар го зачини поразот на ПСЖ со неспортско однесување во завршницата на дербито со Лил, кое гостите го добија со резултат 0:1.

Бразилецот непотребно влезе во дуел со Тиаго Џало, по што и двајцата заработија втор жолт картон и исклучување.

Ѕвездата на ПСЖ ја иницираше нервозата со оттурнувањето на Португалецот, а потоа беше „главен“ и на патот кон соблекувалните.

Нејмар и Џало зборуваат ист јазик па имаа што да си кажат, но во еден момент Бразилецот тргна во физичка пресметка со фудбалерот на Лил, па обезбедувањето со посебни напори ги раздели завојуваните страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни