Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар: Дали ќе останам во Париз? ПСЖ е одличен тим

Објавено

на

Пари Сен Жермен загуби од Баерн Минхен (1-0), но и покрај негативниот резултат успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а причината за тоа е секако славјето во Германија на првата пресметка (3-2).

Еден од играчите кој ја одбележа битката на „Паркот на принцовите“ беше Нејмар кој не даде гол, ниту запиша асистенција, меѓутоа им праваше многу проблеми на гостите, трипати ја погодуваше рамката од голот на Нојер, па на крајот ја понесе наградата за играч на натпреварот.

Бразилецот беше пресреќен поради пласманот во полуфиналето, па освен за првите впечатоци говореше и за неговата иднина за која долго време се зборува низ медиумите.

-Дали ќе останам во Париз? ПСЖ е одличен тим. Сега сме во полуфиналето и можеме да сонуваме. Јас сум многу среќен. Се соочивме со одличен тим на Баерн. Сега сме во полуфиналето и мора да работиме уште повеќе, да се подобриме и да се надеваме дека ќе имаме добро полуфинале, -рече Нејмар и додаде:

-Вистина е дека многу зборуваме едни со други, навистина сме тим. Видовме колку Ди Марија трчаше, мора да им честитаме на сите. Сите тие пропуштени шанси…малку ми фалеше на мене. Најважно е што сум многу среќен што се квалификувавме. ПСЖ е одличен тим сега мора да се фокусираме на полуфиналетом -порача ѕвездата на „светците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни