Поврзете се со нас

Франција

Нејмар бесен на судијата откако заработи суспензија за финалето на Купот на Франција

Објавено

на

Тимот на Пари Сен Жермен со доста мака и пенали се избори за место во финалето на Купот на Франција.

„Светците“ не успеаа да го решат Монпелје во регуларниот дел (2-2) иако имаа доста шанси тоа да го направат за да на крајот сепак бидат поуспешни во пенал серијата и дојдат до билет за борбата за титулата.

Нејмар не беше стартер на оваа средба и доби шанса за настап во самиот финиш во 86 минута, но до крајот успеа да заработи жолт картон и на тој начин да се отпише од финалната средба.

Бразилецот беше бесен и своето незадоволство од судијата Жереми Пињар го искажа на социјалните мрежи.

-Играм пет минути, правам фаул и тој ми дава жолт картон без размислување. Ти благодарам што ме суспендираше за финалето. Мислам дека беше лично, -напиша Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни