Поврзете се со нас

Свет

Неизвесно одигрувањето на натпреварот меѓу Албанија и Англија во Тирана

Објавено

на

Квалификацискиот натпревар меѓу Албанија и Англија кој треба да се игра во Тирана е неизвесен, објавија британските медиуми.

Албанската полиција ја информирала фудбалската федерација на нашиот сосед дека не може да гарантира безбедност на актерите на овој фудбалски натпревар планиран за во недела.

Проблемот настанал откако владата не дозволила присуство на одреден број вакцинирани навивачи, па сега федерацијата не може да гарантира дека навивачите нема да се собираат пред стадионот затоа што нема мерки со кои би го спречила тоа.

Федерацијата со соопштение реагираше дека албанската влада не понудила гаранции да обезбеди безбедносен периметар пред, за време и по дуелот меѓу Албанија и Англија.

– Откажувањето на дуелот Албанија-Англија кој треба да се игра на „Ер Албанија“ стадионот ќе има катастрофални последици по имиџот на целата држава и албанскиот фудбал, – велат од Албанската фудбалска федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни