Неизвесен настапот на Антиќ против МЗТ Скопје: Причината е повреда на стапалото

Pero Antic 1

Перо Антиќ е исклучително важен играч за Црвена Звезда, а колку едно негово бледо издание всушност влијае врз играта на српскиот шампион дознавме денеска.

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ беше далеку од својот просек и постигна само два поени на натпреварот против Химки, а сето тоа се одрази на резултатот, особено во второто полувреме. Домаќините беа подобри и имаа водство во првото полувреме, но затоа се што добро направија, упропастија во завршната четвртина која ја загубија со 27:16. Овој период од играта се покажа како клучен за конечниот резултат 70:79, а секако една од главните причини за незгодниот пораз беше лошиот ден на Антиќ кој мечот го заврши само со 2 поени за 11 минути минати на паркетот.
Настапот на Антиќ за црвено-белите во наредниот период е под знак прашалник, а според неофицијалните информации,тој на наредните два натпревари поради повреда на стапалото ќе паузира, што значи дека ќе го пропушти дуелот од Евролигата против Макаби Тел Авив, а нема да настапи и против МЗТ Скопје во наредното коло во АБА лигата.

Facebook Коментари