Поврзете се со нас

Шпанија

Неговиот тренер го потврди интересот: Барселона посакува аргентински фудбалер

Објавено

на

Од таборот на Барселона ги разгледуваат сите можни решенија пред отворањето на трансфер пазарот во пресрет на следната сезона.

„Каталонците“ се интересираат за неколку одлични играчи, а меѓу нив е и младиот, 19 годишен фудбалер на Велес Сарсфилд, Тијаго Алмада.

Фудбалерот игра одлично и во славниот аргентински клуб веќе собра 46 натпревари на кои постигна девет погодоци.

Дека има интерес потврди и тренерот на клубот, Пабло Кавалјеро кој истакна дека ќе го пушти Алмада во Барселона само доколку до нив пристигне вистинска понуда.

– Барселона се распрашуваше за цената на Алмада. Доколку испратат добра понуда за клубот и играчот, ќе мора да ја разгледаме, -кратко одговори Кавалјеро.

Освен Барселона, за младиот и талентиран играч од средниот ред се интересираат и Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни