Поврзете се со нас

Свет

Недвед замина далеку од Италија, но не ги менува боите на клубот: Црното и белото ми значат се! (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/AlShabab_EN

Павел Недвед беше еден од клучните претставници на Јувентус кои си поднесоа оставка на крајот на 2022-ра година, а речиси две ипол години подоцна, легендарниот Чех става крај на својата апстиненција од фудбалот.

Недвед се согласил да биде дел од нов примамлив и возбудлив проект за него, па така ова утро стави потпис на договорот со Ал Шабаб каде ќе ја извршува функцијата на спортски директор.

Легендарниот играч за врска кој со години беше потпретседател на Јувентус добро знае како функционираат работите во спортската сфера на еден клуб, па тој дефинитивно е големо засилување за саудискиот клуб кој се натпреварува во Првата лига.

Интересно, Недвед ќе ги претставува истите бои како во Јувентус и во Саудиска Арабија, бидејќи Ал Шабаб како клуб е препознатлив по „црно-белата“ боја.

– Црното и белото ми значи се!, – гласи пораката на Недвед.

Чехот освои две титули во Серија А како член на Јувентус, а посебно доби статус на легенда кога прифати да игра во Серија Б по Калчополи скандалот во Италија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни