Поврзете се со нас

Италија

Недвед по еден од тешките порази на Јувентус: Треба да влеземе и да им ги смачкаме главите!

Објавено

на

Павел Недвед е познат како најтемпераментен член на раководството на Јувентус, а неговите реакции привлекоа и најголемо внимание по премиерата на серијалот „Ол ор натинг“ во кој е прикажана минатата сезона на „бјанконерите“.

Камерите на „Амазон Прајм“ следеле се што се случува во италијанскиот клуб, а од денеска на претплатниците на овој сервис им е достапен серијалот со неколку епизоди.

Италијанските медиуми ја пренесоа жестоката реакција на Недвед по изненадувачкиот пораз од Беневенто.

– Премногу се арогантни, треба да влеземе и да им смачкаме главите, – рекол Недвед во присуство на претседателот Андреа Ањели, Фабио Паратичи и Андреа Пирло кој беше тренер на Јувентус.

На сугестијата на Паратичи дека и клубот има вина за тој неуспех, Недвед експресно одговорил.

– Не, само тие се виновни, само тие!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни