Поврзете се со нас

Италија

Недвед ги коментираше неубедливите игри на Јувентус во новата сезона

Објавено

на

Јувентус ја отвори сезоната во Серија А на неубедлив начин и заостанува четири бодови зад лидерот Милан, но Павел Недвед, како претставник на раководството на клубот, уште еднаш потенцирал дека потешкотиите се очекувани.

Андреа Пирло го презема Јувентус без тренерско искуство, екипата имаше малку време за подготовки, а Недвед вели дека на игрите влијаат и поголемата промена на тимот.

– Беше лесно да се предвиди дека ќе имаме проблеми, имавме промени во составот, како и кратки подготовки, па тренерот експериментира во текот на сезоната.

– Ни недостасуваа и важни играчи, но сепак тоа нема да се користи како алиби, иако започнавме добро во ЛШ.

– Ми се допаѓа што и вечерва (против Барселона) играме со млади и талентирани играчи, а знаеме дека не е лесно да се игра во екипа во чија ДНК се победите, – изјавил Недвед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни