Поврзете се со нас

Свет

Недвед ги избра петте најголеми клубови во Европа и го посочи стадионот кој му будел посебни чувства

Објавено

на

Павел Недвед имаше извонредна фудбалска кариера која реши да ја гради во фудбалската Италија, а негов хајлајт дефинитивно беше сезоната 2002/2003-та по која сосема заслужено ја доби и наградата за најдобар светски играч.

Легендарниот Чех ја доби „Златната топка“ и влезе во историјата на својата земја, а како играч кој остави големо наследство во Италија и фудаблска Европа, сега даде интересна изјава за највозбудливите ривали кои ги имал на стариот континент.

Недвед наброја пет клуба од Европа за кои смета дека имаат историја која ги прави поразлична од останатите, но го избра и стадионот на кој најмногу му се воодушевувал.

– Бев посебно горд кога го изградивме нашиот стадион во Торино. На нашиот стадион се чувствуваме како да сме дома, истото важи и за нашите фанови. Во мојата кариера, најмногу сакавм да играм на „Сантијаго Бернабеу“, секогаш е убаво да се игра во домот на Реал Мадрид. Кога ќе стапнете на теренот и ќе ги погледнете трибините, тие изгледаат како да немаат крај. Најубаво ми беше да играм таму.

– Слично е и со „Олд Трафорд“, можете да вдишете и почувствувате историја кога влегувате на теренот. Манчестер Јунајтед е клуб со традиција и историја, а истото важи и за Реал Мадрид, Јувентус, Барселона и Баерн Минхен. Историски гледано, овие клубови имаат нешто повеќе од останатите, – вели Недвед во интервјуто за „Калчомеркато“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни