Поврзете се со нас

Италија

Недвед: Доставивме добра понуда за Локатели

Објавено

на

Екипата на Јувентус се обидува да изгради што поконкурентен состав за натпреварувачката 2021/2022, а една од главните цели е да се дојде до потписот на италијанскиот репрезнетативец Мануел Локатели.

Клубот од Торино се обидува да дојде до играчот кој исто посакува да заврши во таборот на „старата дама“, ама за да се реализира тоа сценарио Јуве ќе мора да се разбере, подаде рака со Сасуоло.

-Разговаравме со Сасуоло и ја доставивме нашата понуда за која веруваме дека е соодветна за моменталната клима, со начинот на кој финансиите и трансфер пазарот се погодени од Ковид. Убедени сме дека ова е добра понуда и е вистинската.

-Ние сме секогаш уверени, природно во преговорите има работи што мора да се разјаснат и решат. Кога сакаш играч и играчот ве сака, тогаш се е јасно, -истакна потпретседателот на „бјанконерите“, Павел Недвед.

Сасуоло е спремен да се ослободи од Локатели, меѓутоа нема намера да попушти во преговорите.

-Тој сака да му се придружи на Јуве. Со задоволство ќе го продадеме Мануел на Јуве, но тие треба да ја платат вистинската сума. Арсенал се обиде да го ангажира, а исто така нов англиски клуб сега е во трка, -рече пред неколку дена извршниот директор на клубот, Џовани Карневали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни