Свет
Недвед добил примамлива понуда за враќање на фудбалската сцена
Павел Недвед целосно се повлече од фудбалот по напуштањето на директорската функција во Јувентус, а светските медиуми најавуваат негово потенцијално враќање и тоа надвор од Европа.
Легендарниот чешки фудбалер добил финансиски, но и спортски примамлива понуда од клубот Ал Шабаб од Саудиска Арабија, кој има идеја да го промовира во нов извршен директор.
Ал Шабаб неодамна ангажираше нов тренер, откако Фатих Терим го замени Витор Переира и тоа поради одлуката на Португалецот да се пресели на клупата на премиерлигашот Вулверхемптон.
Недвед се уште размислувал за понудата која би му овозможила нов интересен предизвик, но и проект да го приближи Ал Шабаб до екипите кои во моментов доминираат во првенството на Саудиска Арабија.
Недвед беше потпретседател на Јувентус цели седум години, но замина во пакет со поранешниот претседател Андреа Ањели.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)