Поврзете се со нас

Англија

Неделниот потоп однесе уште една тренерска жртва во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:x.com/SpursOfficial

Вулверхемптон во текот на вчерашниот ден ја извести јавноста дека ја прекинува соработката со Гери О’Нил, но нешто пред полноќ, изминатиов натпреварувачки викенд донесе уште една жртва во Премиер лигата.

Саутемптон доживеа нов потоп на домашен терен и загуби од Тотенхем со убедливи 0:5, а ова очигледно ја прели чашата кај раководството кое имаше голема доверба кај менаџерот кој го ангажираше пред 18 месеци.

Мартин Расел се избори за промоција во Премиер лигата преку плејофот со Лидс Јунајтед, па иако донесе огромна заработка за клубот, не успеа да издржи цели пет месеци во новата сезона.

Расел се претвори во втора менаџерска жртва во Премиер лигата во неполни 24 часа, или вкупно четврта од стартот на сезоната по Ерик Тен Хаг, Стив Купер и Гери О’Нил.

Саутемптон во долгото соопштение му се заблагодари на Расел за напорната и посветената работа во последните 18 месеци, нагласувајќи дека промената била единствен излез во дадената ситуација.

„Светците“ се во очајна форма и се последни на табелата со само 5 освоени бода по 16 одиграни кола, а во прв момент како привремен тренер е поставен Симон Раск, човекот кој досега го водеше тимот до 21 година на Саутемптон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни