Поврзете се со нас

СЕХА лига

Недановски: Војводина не надигра, ни фалеа клучни играчи, ама…

Објавено

на

Екипата на Вардар со убедлив пораз од Војводина од 33:24 ја заврши групната фаза во СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ го одиграа овој меч без доста важни играчи кои се со своите репрезентации, неколку ракометари се повредени, но без разлика на тоа никој не очекуваше дека нашиот претставник вака ќе биде надигран од противникот.

-Војводина не надигра, тие беа подобар противник во текот на целиот натпревар. Денес ни фалеа неколку клучни играчи, но тоа не е оправдување. Едноставно мораше да бидеме подобри особено на дефанзивната страна на теренот, -истакна Владо Недановски, првиот асистент на Стевче Алушовски.

И Тимур Дибиров кој беше стрелец на девет голови спортски и ја честита победата на Војводина.

-Честитки за Војводина. Овде секогаш се чувствувам убаво,  домаќините дојдоа до заслужена победа. Има многу работи на кои треба да се фокусираме и да ги поправиме за да играме подобро на следниот натпревар, -рече Дибиров.

Вардар во осминафиналето ќе се соочи со Металопластика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни