СЕХА лига
Недановски посочи каде Вардар ја загуби пресметката со Татран Прешов

Ракометарите на Вардар 1961 не успеаа да забележат позитивен резултат во првиот предизвик во новата сезона во СЕХА лигата, меч во Прешов каде загубија од домаќинот Татран со 27-23.
Македонскиот шампион не беше на потребното, посакуваното ниво, а тоа знаеше да го искористат избраниците на Марек Гернат кои беа подобри во двете полувремиња (14-11, 13-12). Во таборот на Вардар се разочарани од настапот, играта, ама во исто време се оптимисти дека се ќе си дојде на свое место како што ќе одминува кампањата.
-Заслужена победа на Татран, честитки до нив. Многу од нашите играчи само што се вратија од СП. Морам да кажам и дека Татран не изненади со одбраната 5-1, плус ако на ова се додаде неверојатниот Чуприна и неговите 15 одбрани, тогаш се е јасно.
-Добро е тоа што ова е прв меч во сезоната, знаеме дека како што минуваат деновите, неделите ќе бидеме подобри. Мораме да се фокусираме на нападот и одбраната и тоа брзо да го направиме затоа што за кратко време ни следи нова задача во СЕХА, -порача тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски.
Вардарци во следната рунда ќе го пречекаат Партизан.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……