Поврзете се со нас

Македонија

Недановски: Почнува серија на силни мечеви, Охрид е тим кој е агресивен 60 минути

Објавено

на

Екипата на Вардар ќе се обиде да се пласира на завршниот турнир во Купот на Македонија, но за да дојде до Ф4 ќе мора да ја мине четвртфиналната група која се игра во СЦ „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ за ривал во полуфиналето го имаат составот на Охрид, додека другиот пар е Јуниор КВ и Скопје.

Почнува серија на силни мечеви, но сега сме фокусирани за Охрид. Тоа е квалитетен тим, играат добар ракомет, и имаат искусни играчи. Покажаа дека кога играат со Вардар се супер мотивирани. Агресивни се сите 60 минути. На последниот меч што го игравме тешко поминавме. Ние се подготвуваме како и за секој меч. Нема многу поразлично да биде од досегашните.

-Вардар е фаворит и секако одиме на победа. Имаме повредени, со мали или посерозни повреди. Ова е втор дел од сезоната. Нормалено е тоа, но секако не се тоа големи проблеми. Не размислуваме за што понатаму, туку само за овој меч што е пред нас. Од понеделник ќе почнеме да се подготвуваме за Еурофарм Пелистер, –порача тренерот Владо Недановски.

Марко Мишевски беше поконретен и посочи што Вардар треба да направи за да дојде до славје против Охрид.

Мотивацијата за секој меч е висока. Одиме на победа без разлика на каков меч играме. Се измачивме во Охрид на претходниот дуел. Квалитетен тим се. Имаат некои нови играчи, но нема со што да не изненадат, Знаеме каков им е квалитетот. Да го потенцирам пивотот Бојаниќ кој даде добри партии со нас, но сега и бековите одиграа добар меч. Сите позиции им се добро покриени. Нема посебен играч што се двои. Ние со наша одбрана и контра и полуконтра ќе успееме да триумфираме, -истакна Мишевски.

Распоред на натпревари
18 март (сабота) – СЦ „Јане Сандански“ (мала сала)
17 ч. ВАРДАР – Охрид
19 ч. Јуниор КВ – Скопје
19 март (недела)
17 ч. Финале

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни