Поврзете се со нас

Македонија

Недановски доби нова функција во Вардар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Некогашниот играч и тренер на Вардар, Владо Недановски доби нова функција во поранешниот македонски и европски шампион.

Недановски пред неколку месеци се раздели со „црвено-црните“ или престана да ја води екипата, но сега ќе има друга задача и ќе биде задолжен за функционирање на сите младински категории на клубот.

Скопскиот тим веќе има одлична пионерска екипа на ракометари родени 2010 и помлади која есенскиот дел на сезоната го заврши доминантно, и со максимален број бодови и постигнати голови, а така ќе се продолжи и со другите категории. Кадетите и младинците се исто така во системот на натпреварување.

Плановите на клубот се во иднина младинските екипи да имаат подобар третман и услови за работа и за создавање на нови ракометари. Недановски ќе работи заедно со тренерите на сите младински селекции и ќе бидат посветени на наоѓање и препознавање на идните ракометари, и на градењето на здрави спортски личности од кои се очекува во иднина да бидат и дел од првиот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни