Боречки спортови
Недановска со две победи на Европскиот кадетски куп во Букурешт

Лилјана Недановска од џудо клубот „Препа“ имаше успешен настап на европскиот кадетски куп во Букурешт, каде што беше единствен претставник од Македонија меѓу 350 учесници од 25 земји.
Ова беше нејзино прво натпреварување по пауза од речиси три години, која беше диктирана од избивањето на пандемијата со Ковид-19. Во првото коло нашата кадетска репрезентативка оствари победа против претставничката од Бугарија, Ванеса Пингелова, во второто коло забележа победа против претставничката од Шведска, Вилда Баклунд, за во четвртфиналето да биде сопрена од претставничката на Украина, Јулија Кузменко. Потоа, Недановска доби шанса за настап во репасаж, каде што со недостаток на спортска среќа претрпе пораз во една мошне изедначена борба со Дуња Садику од Србија.
Доколку успееше да ја добие борбата во репасажот, Лилјана Недановска ќе имаше уште една борба, пред да биде дел од борбата за 3. место каде што повторно ќе се сретнеше со Украинката Кузменко.
– Овој резултат ни покажа дека со добра и континуирана работа можеме да се носиме со најдобрите европски кадети во џудо. Нема да жалиме за пропуштената шанса за медал, напротив продолжуваме уште помотивирано. Овој настап докажа со каков потенцијал располагаме иако сме од мало место,- изјави за „Дерби“ тренерот Борче Недановски, кој заедно со вториот тренер на ЏК „Преспа“, Александар Фузевски, ја следеше Лилјана во Букурешт.
-
Македонијапред 3 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 19 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 20 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 16 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата