Неапол не памети ваков ужас цели 20 години, Гатузо излезе со понизна изјава!

rino-fiore

Тренерската смена во Наполи не донесе позитивен шок како што многумина очекуваа, бидејќи Џенаро Гатузо забележа порази во пет натпревари колку што претходно Анчелоти имаше во 15 средби во Серија А.

Со вчерашното ужасно издание против Фиорентина, популарниот Рино го претрпе и четвртиот пораз во петтиот меч како предводник на Наполи, ужас каков што не се памети во Неапол од далечната 2000-та година. Последен тренер кој имал вака лош биланс во првите пет меча е Зденек Земан, кој пред цели две децении имал идентично катастрофален почеток, каков што сега го има легендарниот играч на Милан.

Наполи се прикажа во засрамувачко светло против Фиорентина и сосема заслужено загуби со 0:2 на „Сан Паоло“, а Гатузо по мечот, со понизен тон призна дека „наполитанците“ го допреле дното.

– Прво и пред се, мора да им се извиниме на фановите, на целиот град. Перформансите беа срамни. Во минатото имавме солидни партии, но на мечот со Фиорентина, освен првите 25 минути, има многу работи за корекција. Не смееме да бараме алиби, го допревме дното и мора да дознаеме што се случува со нас. Изгледаме како да сме се запознале ова утро. Нема организација и заедништво и тоа е навистина чудно. Тимот тренира добро, а потоа излегува на теренот и не прави ништо. Мора да преземеме одговорност, бидејќи вака не одиме никаде. Изгледаме како тим кој нема душа, ова беше повеќе од еден чекор назад, мора сериозно да се соземеме, – порача Гатузо кој одново не му даде шанса на Елиф Елмас.

Facebook Коментари