Поврзете се со нас

Италија

Неапол грмеше во последниот меч на Инсиње, Џенова испратена во Серија Б (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Наполи го потврди статусот на фаворит и издвојува сигурна победа над Џенова од 3-0 на средбата која се одигра на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.

Ова беше меч кој мина во знакот на Лоренцо Инсиње за кого ова беа последни домашни 90 минути во својот дом со оглед на тоа што по крајот на сезонава заминува во Торонто. Беше емотивно пред натпреварот и за време на истиот, а Лоренцо се одјави со погодок од пенал.

Останатите погодоци беа дело на Осимен и Лоботка, па Наполи сега има 76 бода со што останува на третата позиција зад Милан и Интер.

Нашиот Елиф Елмас доби шанса во 88 минута токму на местото на легендата на наполитанците.

Инаку со денешниот пораз Џенова испадна од Серија А или во случајот и се приклучи на Венеција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни