Поврзете се со нас

НБА

Не знаеше што го снајде: Јокиќ му одржа кошаркарска лекција на најдобриот дефанзивец во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ доби доста критики во периодот кога Минесота поведе со 2:0 во полуфиналната серија на Западот, но два дена подоцна ја доби МВП наградата за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната и тоа очигледно го натера да одговори на најдобар можен начин.

И покрај тоа што актуелниот шампион беше пред голем предизвик со два меча на гостински терен, Денвер успеа да израмни на 2:2 и да ја врати серијата во Денвер, а рано утрово Јокиќ имаше МВП издание и брутално ги разби „волците“ за прво водство од 3:2.

Србинот презентираше голем дел од својот неверојатен кошаркарски репертоар, а најлошо во целата оваа ситуација помина најдобриот дефанзивец во НБА лигата.

Руди Гобер беше избран за најдобар дефанзивец од НБА, но сега доби вистинска кошаркарска лекција од Јокиќ и едноставно немаше одговор за играта на Србинот.

Јокиќ го заврши мечот со 40 поени зад своето име, а добар дел од истите ги постигна токму преку францускиот репрезентативец.

– Јокиќ беше во својата зона, едноставно беше несопирлив. Мислам и дека му блокирав неколку шутеви, но и покрај тоа топката влезе во кошот. Беше неверојатен, го носеше својот тим на грб, правеше се на теренот. Извлекуваше фаули, погодуваше, неговите потези тешко се неутрализираат. Знаеме дека е уникатен играч, знаеме дека ќе направи неверојатни потези на секој меч, но мора да продолжиме да се бориме. Ќе се обидеме да му ја отежниме ситуацијата на шестиот меч, – изјави поразениот Гобер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни