Поврзете се со нас

Англија

Не така одамна, најскапото засилување од Премиер лигата „твиташе“ против Сити, а за Јунајтед (Фото)

Објавено

на

Од таборот на Манчестер Сити во текот на денешниот ден го потврдија ангажманот на англискиот репрезентативец, Џек Грилиш кој за сума од 100 милиони фунти се пресели на „Итихад“ од редовите на Астно Вила.

Со тоа фудбалерот од офанзивата стана најскапиот играч во историјата на англиската Премиер лига откако го надмина Пол Погба кој досега го држеше рекордот со трансферот од Јувентус во Манчестер Јунајтед за сума од 85 милиони фунти.

Грилиш, кој во следниот период ќе го носи дресот на Манчестер Сити во младоста бил голем фан на градскиот ривал на „граѓаните“, Манчестер Јунајтед.

Тоа го покажува и неговата активност на социјалните мрежи од 2012 и 2014 година кога пишувал објави против неговиот сегашен клуб.

– Се молам Јунајтед да победи, а Сити да загуби. Не можам да гледам како Сити ја освојува лигата, -напишал Грилиш во 2012 година.

Две години подоцна, Грилиш ја искажал својата желба еден ден да потпише за Манчестер Јунајтед.

– Се надевам дека еден ден ќе се приклучам на најдобриот тим на светот, Манчестер Јунајтед.,- напишал Грилиш на „Твитер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни