Поврзете се со нас

Англија

Не сме го виделе во вакво издание: Салах го изигнорира капитенот Хендерсон и не се поздрави со Клоп (Видео)

Објавено

на

Мохамед Салах ги надмина проблемите со коронавирусот и денеска беше многу блиску до постигнување гол, но Египќанецот немаше воопшто среќа во првото полувреме кога му беше поништен погодокот поради милиметарски офсајд.

Тоа ќе значеше рано отворање за Ливерпул на натпреварот против Брајтон, пресметка која на крајот заврши со конечни 1:1 во една драматична завршница со вклучување на ВАР.

Јирген Клоп беше шокиран од завршното сценарио и примениот гол од пенал за 1:1 откако претходно му беа поништени два гола на Ливерпул, но ова беше само еден од проблемите со кои се соочи Германецот во текот на 90-те минути.

Претходно, Џејмс Милнер се придодаде во листата на повредени фудбалери, а исто така, Клоп јасно гледаше како Мо Салах ја искажува својата фрустрација за неговата одлука.

Салах беше повлечен од игра во 64-та минута, а кога му го отстапуваше местото на Мане, најпрво го изигнорира капитенот Хендерсон, потоа не го поздрави менаџерот Клоп, а не ја криеше фрустрацијата и кога седна на клупата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни