Поврзете се со нас

Шпанија

Не се работи за Депај: Откриено кој ја платил кауцијата за Дани Алвес

Објавено

на

Foto:instagram.com/danialves

Дани Алвес си ја купи слободат и на почетокот на оваа недела беше привремено отпуштен од затвор, сето тоа како резултат на кауцијата која успеа да ја собере и да ја депонира во шпанското обвинителство.

Познатиот бразилски дефанзивец се мачеше речиси една недела да собере пари и во еден момент се пренесе дека дел од сумата му обезбедил Мемфис Депај, но денеска Шпанците ја пренесоа веста од Бразил, која открива сосема друга страна.

Сумата од еден милион евра не ја платил ниту еден индивидуалец, туку позната фирма од Бразил која се занимава со животот на познатите личност и која снима ексклузивни серијали кои најчесто се базирани на автобиографии.

Познатата компанија се согласила да плати во име на Алвес и поради тоа Бразилецот излезе од затвор, но во замена ќе добијат ексклузивна репортажа за неговиот живот во прва наредна прилика.

Планот е да се направи видео документарец со негово прво интервју по излегувањето од затвор, што според фирмата ќе биде повеќе од доволна компензација за инвестираните еден милион евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни