Поврзете се со нас

Италија

Не се работи само за трофеј: Интер и Милан се борат за најголемата парична награда во Супер Купот

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Вечерва се игра финалето на Супер Купот на Италија, а во него ќе ги гледаме двата ривали од Милано, Интер и Милан кои во полуфиналните соочувања беа подобри од Аталанта, односно Јувентус.

Ова ќе биде борба за трофеј, но и за богата парична награда, најголема кога е во прашање ова натпреварување во најквалитетните лиги на стариот континент.

Имено победникот ќе добие 8 милиони евра, додека поразените ќе заработи сума од 5 милиони евра. Аталанта и Јувентус си заминаа дома со по 1,6 милиони евра или севкупно гледано италијанскиот Супер Куп во Саудска Арабија носи гарантирани 23 милиони евра од кои 16,2 милиони евра се за учесниците на турнирот.

Оваа сума од 16,2 милиони евра е најголема во топ првенствата во Европа, најблиску е Супер Купот на Шпанија кој се игра по ист систем и во кој клубовите делат 12 милиони евра. На Реал Мадрид и Барселона им се гарантирани 3.1 милони евра, Атлетик Билбао добива 1,7 милиони евра, додека Мајорка 0.75 милиони евра. Победникот ќе добие плус 2 милиони евра, а еден помалку оној што ќе загуби во финалето.

Во Германија, Баер Леверкузен и Штутгарт сезонава поделија 5 милиони евра од кои поголемиот дел (3 милиони евра) завршија кај „фармацевтите“. Во Франција пак ПСЖ за славјето над Монако доби 2 милиони евра, а противникот однесе дома еден милион помалку.

Не постои официјална парична награда во англискиот еквивалент, Комјунити Шилд. Традиционално, сите приходи од натпреварот, вклучително и од ТВ правата, спонзорите и продажбата на билети, се донираат во добротворни цели избрани од клубовите-учесници.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни