Поврзете се со нас

Англија

Не се прослави во првата тренерска задача: Коло Туре доби отказ по само 58 дена

Објавено

на

Поранешниот ас на Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул, Коло Туре не се прослави во својот прв предизвик како тренер кој го имаше на клупата на Виган.

Легендарниот африканец седна на клупата на тимот од Чемпионшип на 29 ноември, односно заработи отказ по само 58 дена и тоа откако не доби ниту еден од деветте мечеви како тренер.

Освои само два бода на седум лигашки средби, а доживеа елиминација и од Лутон (1-1, 1-2) во ФА Купот што беше доволно за управата на клубот да реагира иако пред неполни два месеци Туре потпиша три ипол годинешен договор. Последниот меч на Коло како предводник на Виган беше пет дена против Лутон, средба која заврши со 2-0 за гостите

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни