Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Не се предава: Розе посочи кој е клучот за победа над Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig

РБ Лајпциг го загуби првиот меч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но бундеслигашот не се откажува од пласманот во следната фаза и покрај тоа што истиот ќе треба да го оствари на „Сантијаго Бернабеу“,

Тренерот на „биковите“, Марко Розе посочи што ќе биде клучно, односно што треба да се направи за да може да се дојде до посакуваниот резултат против лидерот во Примера.

-Мислам дека имаме шанса да создадеме опасност за Реал. Имаме играчи кои имаа визија и кои можат многу добро да играат еден на еден. Како Вили Орбан, одличен дефанзивец. Ако сакаме само да се браниме, нема да успееме. Севиља се обиде. Беше тесно, но тие загубија. Ќе се обидеме да нападнеме. Тоа зависи од нас, од нашата самодоверба. Реал ќе притиска и ние треба да можеме да го наметнеме нашиот фудбал. Дани Олмо ќе биде многу важен во оваа смисла.

-Мора да ги решаваме акции со карактер, да го наметнеме нашиот ритам… Мора да направиме се во вистинско време. Да притискаме во вистинско време. И сето тоа на врвно ниво. Нема да ја менуваме многу играта на тимот. Нема да има големи промени. Ќе има моменти кога ќе треба да се фокусираме на одбраната. Ќе треба да прикажеме совршена игра. Ќе се обидеме, -порача Розе.

Само за потсетување првата средба во Германија заврши со резултат 1-0 со голот на Брахим Дијаз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни