Поврзете се со нас

Репрезентација

Не сака да се збогува пред празни трибини: Лазаров ќе биде активен и во наредната сезона

Објавено

на

Македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров ќе остане активен на терените и во наредната натпреварувачка сезона.

Оваа информација ја соопшти нашиот капитен и селектор по триумфот над Швајцарија во Скопје со што на идеален начин го завршивме циклусот на квалификации за Европското првенство во 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

-Јас одлучив иако клубот се уште нема официјално објавено, ќе одиграм уште една сезона во Нант со помала минyтажа. Таков беше договорот и за оваа година, ама по се изгледа планови не се прават. Се сменија работите заради ковид-ситуацијата, да се збогувам пред празни трибини… тоа ќе беше лошо. Не инсистирав само јас, туку и Нант затоа што имам добра сезона, -истакна Лазаров.

Кире од 2017 го носи дресот на Нант, претходно играше за Барселона, Атлетико Мадрид, Суидад Реал, Ал Сад, Загреб, Веспрем, Пелистер и Борец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни