Поврзете се со нас

Свет

Не постои пријателска за Гранит: Џака беше испровоциран, па го фати ривалот за врат (Видео)

Објавено

на

Данска и Швајрација одиграа разочарувачки пријателски меч во Копенхаген и истиот заврши без голови, но во второто полувреме дојде и до една поголема тензија на средниот ред.

Гранит Џака беше во прв план и повторно ги загуби нервите како неколкупати во својата кариера, меѓутоа мора да се признае дека овојпат беше испровоциран.

Поранешниот капитен на Арсенал беше соборен од Мортен Хјулманд и судијата досуди прекршок, но додека Гранит лежеше на земја, противникот ја шутна топката.

Ова го разбесни Гранит и веднаш дојде до мало помрачување кај фудбалерот на Баер Леверкузен, кој реши да истерува правда на свој начин.

Џака го фати Хјлуманд за врат и мораа да реагираат останатите соиграчи, а судијата реши да ги опомене двајцата само со жолти картони.

– Не ми е јасно што сакаше да направи со тој потег, можеби да му докаже на тренерот дека е агресивен и дека местото му е во почетниот тим. Направи фаул, а потоа и ме удри. Тоа не се прави во фудбалот, ниту на пријателска, ниту на меч со натпреварувачки карактер. Овде станува збор за почит, а тој не го покажа тоа, – изјавил Џака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни