Не помогнаа ниту новите засилувања: МЗТ Скопје падна и во Словенија

mavra

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи негативната серија на резултати во АБА лигата и на гостувањето во Словенија каде беа надиграни од Петрол Олимпија со 94-85.

Нашиот преставник постојано го бркаше противникот и никако не успеваше да го сврти резултатот во своја полза иако имаше повеќе можности за тоа. На полувремето беше 43-42, по три периоди 73-66 за да на крајот се заврши со плус девет за Олимпија.

Морган со 20 и Хроват со 16 кошеви беа најефикасни кај домаќинот, а за МЗТ новиот плејмејкер Мавра уфрли 21 поен, а капитенот Стојановски 14 кошеви.

Facebook Коментари