Шпанија
Не останаа рамнодушни ниту во ВИП ложата: Реакцијата на Белингам по бравурата на Модриќ (Видео)

Џуд Белингам почна да ја отслужува својата казна за црвениот картон добие против Осасуна, па така вчера не беше во комбинација за настап против Џирона.
Англискиот репрезентативец беше со својата девојка во ВИП ложата и од идеално место го следеше натпреварот на своите соиграчи, кои после три меча без триумф, ја запишаа првата победа во Ла Лига.
Лука Модриќ ги најави трите бода со мајсторија од далечина и маестралниот Хрват дефинитивно го украде шоуто со својот удар, кој направи да видиме и една интересна и искрена реакција на Белингам.
Џуд не остана рамнодушен на спектакуларниот гол на Лука и стана на нозе како секој нормален фан на Реал, а неговата реакција стана и вирален хит.
Во продолжение, победата за Реал ја потврди Винисиус Жуниор, па „кралевите“ успеаја да се вратат на делба на првото место со Барселона.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)