Поврзете се со нас

НБА

Не очекува спектакуларно НБА Финале: Мајами стигна до титулата на Истокот и си закажа пресметка со Лејкерси

Објавено

на

Екипата на Мајами Хит се пласираше во големото НБА финале откако со 125:113 славеше во шестиот натпревар во серијата против Бостон Селтикс.

Клубот од Флорида стигна до титулата во Источната конференција  по конечните 4:2 во финалната серија и си закажа пресметка против Лос Анџелес Лејкерс кој вчера пак го надигра тимот на Денвер Нагетс.

Првиот финален натпревар на програмата е веќе на 1 октомври во 03:00 часот по полноќ.

Што се однесува до натпреварот тој во првите три четвртини или беше израмнет или Мајами имаше блага предност, за во последната четвртина Бостон да дојде до преднос т од шест коша. Сепак, Мајами набрзо направи серија од 8:1 и стигна до посакуваната победа.

Бем Адебајо го заврши натпреварот со 32 поени и 14 скокови, додека Џими Батлер заврши со 22 постигнати поени. Кај спротивниот табор Џејлен Браун завршисо 26 оени, додека Џејсон Тејтум запиша 24.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни