Свет
Не најде место за Меси: Иниеста ги наброја своите пет омилени фудбалери и направи големо изненадување (Видео)

Андрес Иниеста замина во фудбалска пензија и сега има повеќе слободно време за разноразни активности, а популарниот Дон Андрес сега привлече внимание поради едно видео кое се шири на социјалните мрежи.
Легендарниот играч за врска според многумина е најдобар шпански фудбалер на сите времиња, па како играч со таков статус, сега доби за задача да ги бира своите омилени пет фудбалери.
Човекот кој и ја донесе историската светска титула на Шпанија на прво место го стави својот идол Лаудруп, продолжи со две легенди на Барселона, Гвардиола и Чави, додека изборот го заврши со Давид Силва и Санти Касорла, играчите со кои ја делеше соблекуваната во Шпанија.
Покрај Иниеста, во истата анкета беше вклучен и Давид Силва, а легендата на Манчестер Сити имаше пошаренолик избор, во кој ги смести и Меси и Роналдо.
Покрај нив двајца, во петте најдобри ги смести и Лаудруп, Иниеста и Кун Агуеро.
@ofmanny Top 5 of all time with Andres Iniesta, David Silva and more ⚽️ who makes yours? #football #foryou #fyp ♬ original sound – Manny
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично