Поврзете се со нас

Италија

Не му се пишува добро: Балотели влезе во 89. минута на дебито на Виеира

Објавено

на

Foto:x.com/GenoaCFC

Патрик Виеира пред неколку дена ја презема Џенова и италијанските медиуми најавија дека тоа не е воопшто добра вест за Марио Балотели, теорија која почна да се потврдува уште на првиот меч на кој Французинот го водеше тимот.

Виеира и Балотели се разделија на доста тензичен начин додека соработуваа заедно во Ница, па водејќи се од тие изјави, медиумите на Апенините најавија дека пристигнувањето на Французинот е ноќна мора за Балотели.

Марио и се приклучи на Џенова пред неколку недели со цел да ја зграби можеби последната шанса која ја добива во Серија А, но ангажманот на Виеира сега драстично ја менува неговата ситуација.

На дебито на Французинот, Балотели влезе во игра во 89-та минута од средбата со Калјари, па имаше само симболична епизода на овој натпревар.

Инаку, Џенова водеше 2:1 и беше на добар пат да победи на дебито на Виеира, но така не мислеа гостите кои успеаја да се изборат за пенал и да израмнат на 2:2 во 88-та минута.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни