Поврзете се со нас

Англија

Не му е првпат: Конте имаше две непријатни епизоди со двајца противници и во минатото (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Антонио Конте е извонреден фудаблски стручњак кој го вади најдоброто од своите играчи, но неговиот темперамент и емотивниот пристап на натпреварите често знае да изгледа како провокација за ривалите.

Италијанецот често знае да делува преагресивно и еуфорично додека ги слави головите на својот тим, а токму тоа вчера беше иницијална каписла за голема „тренерска војна“ меѓу него и Томас Тухел.

Германецот и Италијанецот режираа циркус на „Стемфорд Бриџ“ и имаа две блиски физички средби, по кои на крајот беа исклучени и сега ќе мора да паузираат во следното коло во Премиер лигата.

Англиската јавност ја подели одговорнсота за лошата сцена кај двајцата актери и не посочи главен виновник за инцидентот, но Италијанците потсетуваат дека ова не е прв ваков инцидент на Конте.

Антонио во својата етапа како менаџер на Челси влезе во клинч со Жозе Мурињо и потоа следеше вербална „војна“ преку медиумите, а потоа како тренер на Интер, се закачи и со Евер Банега во финалето во Лигата на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни