Поврзете се со нас

НБА

Не му доаѓа памет: Морант повторно се правеше мангуп со огнено оружје (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/JaMorant

Џа Морант е еден од најдобрите млади играчи, ѕвезди во НБА лигата, но асот на Мемфис Гризлис знае да биде проблематичен, да прави потези кои дефинитивно го уништуваат неговиот имиџ како кошаркар, ама и како човек.

Пред некое време плејмејкерот беше казнет од неговиот клуб како и од НБА лигата затоа што мавташе со огнено оружје во ноќен клуб во Америка.

Меѓутоа по се изгледа тој не ја научил лекција, па одново на социјалните мрежи се појави видео во кој тој глуми мангуп и се фали со пиштол.

Ако се отвори истрага тогаш може Џа да заработи навистина дебела казна која минатиот пат некако ја избегна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни