Поврзете се со нас

Атлетика

Не можеше да поверува: Дуплантис освои олимписко злато, но влакно го делеше од нов светски рекорд (Видео)

Објавено

на

Арманд Дуплантис ја покажа својата класа и на највисоката олимписка сцена, на која успеа да дојде до очекуваниот златен медал, но не и да си го собори сопствениот светски рекорд.

Неверојатниот шведски атлетичар со скок од 6.02 ја победи конкуренцијата и го осигура олимпиското злато, но откако славеше над предизвикувачот Нилсен, реши да тргне по соборување на светскиот рекорд.

Дуплантис си постави висока цел и извонредни 6.19 метри за скок со стап, а убедливо најблиску до такво нешто беше во својот прв од предвидените три обида.

Швеѓанецот успешно ја надмина пречката и прескокна 6.19 метри, но во моментите кога се спушташе, за жал градите му удрија во пречката и овој блескав скок беше неважечки.

Самиот Дуплантис не можеше да поверува што се случи, па така од Олимпијадата во Токио ќе се задоволи со златниот медал, а во иднина сигурно ќе има шанси да ја надмине и оваа граница која денеска сам си ја постави како голем предизвик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни