Не може така против Арпад: Штербик во свој стил до најдобрата одбрана (Видео)

Sterbik

Ракометарите на Вардар со победа над Горење во Словенија од 30-24 ја завршија оваа календарска 2017 година.

Ова за „црвено-црните“ од Скопје беше единаесетта победа во единаесеттиот натпревар во СЕХА регионалната лига, натпревар на кој голманите на нашиот шампион не блескаа, но пак ја имаа најдобрата одбрана на денот.

За истата се погрижи големиот Арпад Штербик кој во свој стил, очи во очи ја доби пенал битката со Нико Медвед.

Facebook Коментари