Не можат да го заборават најпредавничкиот трансфер во Примера: Ултрасите на Севилја го прекрстија противничкиот автобус (Фото)

sevilla-ultras

Севилја и Лас Палмас оваа вечер од 22:00 часот ќе го одиграа својот натпевар и петтото коло во шпанската Примера, но истиот доби своја увертира уште на улиците поради потегот кој го направија најжестоките ултраси на домашниот тим.

Навивачите на Севилја останаа шокирани од начинот на кој Витоло го изигра клубот кога се беше договорено за да направи предавнички трансфер во Атлетико Мадрид, а бидејќи шпанскиот репрезентативец до крајот на првиот дел од сезоната игра како позајмен играч во Лас Палмас, тие денеска добија шанса да му се реваншираат.

Андалузијците некако пронашле начин како да стигнат до брендираниот автобус на Лас Палмас и да го прекрстат истиот во „Витоло предавник“, а според информациите на шпанските медиуми, ова е само најава за тоа што ќе го чека Витоло на „Санчес Писхуан“ каде се подготвува пеколна атмосфера за него.

vitolo-traidor

Facebook Коментари