Не ја оправдаа улогата на фаворити: Трето бундеслигашко реми за Миркуловски и Вецлар

mirkulovski

Филип Миркуловски и Вецлар не ја оправдаа улогата на фаворити и одиграа само нерешено (22-22) против Хутенберг во денешниот меч од Бундеслигата.

Домашниот состав кој е претпоследен на табелата во германскиот шампионат се бореше храбро до самиот крај, па малку фалеше и да дојде до победа со оглед на тоа што Холст од пенал на 30 секунди до крајот донесе реми за Жути и компанија.

Токму Холст со седум голови од осум обиди беше најдобар поединец на средбата, Верниг за домаќините даде 5 голови, додека Миркуловски имаше само еден неуспешен обид да погодок.

Вецлар со 23 бода е на 9 место во Бундеслигата.

Facebook Коментари