Не изгледа добро: Начинот на кој Погба го напушти „Олд Трафорд“ најавува долга пауза (Видео)

pogba-grimasa

Жозе Мурињо беше доста претпазлив и без да дава никакви позначителни прогонози порача дека со сигурност нема да може да смета на Пол Погба претстојниов викед, но сега англиските медиуми им внесоа голем страв на фановите на Јунајтед откако го проследија видеото на кое се гледа како Французинот го напушти „Олд Трафорд“.

Погба со исклучително болна гримаса го напушти теренот, но сега стравувањата се дека неговата повреда на задната ложа е многу потешка од предвиденото и дека истата ќе бара посебен третман кој може да го оттргне од терените и до два месеци.

Детален лекарски преглед од страна на Јунајтед се очекува да биде извршен до крајот на денешниот ден, но сепак ситуацијата не е ветувачка поради тоа што Погба со патерици го напушти стадионот, сцена која алудира на тоа дека не станува збор за обично истегнување на мускулот.

Facebook Коментари