Поврзете се со нас

Свет

Не издржа: Ѕверот на Реал ја скрши таблата со моќно забивање (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Зелонортски острови направи изненадување и славеше над Ангола со 77-71 во првиот меч на првенството на Африка.

Најзаслужен за тоа беше членот на Реал Мадрид, Валтер Еди Таварес кој реализираше 20 поени, 18 скокови, 3 украдени топки и 6 блокади, но воедно беше автор и на најдобриот, најдоминатниот потег на натпреварот.

Центарот висок 221 сантиметар се одлучи брутално да заврши една акција, да забие моќно и притоа ја скрши таблата. Потоа мечот одредено време беше во прекин додека се надмине проблемот, а пак Еди сега е во центарот на вниманието.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни